Уапсени Стевчо Јакимоски и уште осумина ...
вторник, 19 март 2019
jakimoski1q.jpgПоранешниот градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски и уште осум луѓе утрово се приведени од полицијата по налог на Обвинителството за организиран криминал, потврди за најчитаниот македонски сајт  САКАМДАКАЖАМ.МК Вилма Рускоска, шеф на обвинителството.

За Стевчо Јакимовски и за уште двајва вработени во општинската администрација, раководители на оддели за ескпропријација и за урбанизам ќе се бара притвор, а за другите мерки на претпазливост.

Останатите приведени се бизнисмени, повеќето од градежниот сектор. Се очекува денеска сите да бидат сослушани од судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Според кривичната пријава од одделот за организиран криминал во МВР до Обвинителството, времени објекти на државно земјиште кои по ниеден закон не смееле да се легализираат, биле легализирани и со тоа земјиштето било откупено по најмногу до 5 евра квадрат.

Обвинителката Рускоска за САКАМДАКАЖАМ.МК рече дека покрај оваа пријава против осомничените деветмина има пријава и од Финансиската полиција и плус уште две пријави.

Јакимовски од август минатата година за друго кривично дело е под мерки за претпазливост и редовно се јавува во судот.