"Билјанини Извори" организира по втор пат Бизнис лига...
вторник, 12 февруари 2019
biznisliga2w.jpgЈП "Билјанини Извори ја организира  втората по ред Бизнис лига во мал фудбал која ќе се организира од 02. 03.2019 до 21. 04. 2019 година.
Позитивните впечатоци и дружење кое го имавме за време на првото издание не мотивираат да продолжиме и веќе традиционално овој период да ја организираме Бизнис лигата во мал фудбал.Потребите на активните вработени во компаниите, институциите и организациите за популарно наречениот тим билдинг се големи така што ние заедно со учесниците убедени сме дека ќе успееме за еден чекор да ја подобриме комуникацијата, мотивацијата и продуктивноста кај самите учесници/вработени а со тоа и целокупната работна атмосфера во самите правни субјекти.
 
Сите заинтересирани треба да состават своја екипа вкупно 10 играчи ( сите вработени во претпријатието ),  да достават список на играчи ( име, презиме, бр. на л.карта, заверен со печат и потпис од организацијата ) и да уплатат котизација во висина од 30000 денари по екипа, на жиро с-ка 530000200889310 Охридска Банка АД Охрид, назнака : Бизнис лига во мал фудбал.Пријавувањето на екипите и подигнувањето на апликација може да се врши на нашата официјална страна biljaniniizvori.mk или  facebook : ЈП "БилјаниниИзвори" – Охрид од 11.02.2019  - 25.02.2019 год.Бројот на екипите е ограничен, а повеќе информации околу пријавувањето и самата лига сите заинтересирани ќе можат да добијат на следниот контакт телефонот 078 261-164 (Владо)
 
За првопласираните ЈП "Билјанини Извори" ќе им додели бесплатни ваучери за користење на спортската сала и бесплатно рекламирање во истата. За сите учесници ќе им биде овозможено поставување на рекламно пано во спортската сала за време на траењето на лигата.