Паскали го сними подводниот свет за време на луња
четврток, 10 јануари 2019
podvoden1w.jpgПознатиот охридски нуркач Никола Паскали го сними подводниот свет на Охридското Езеро додека над градот беснееше снежна луња,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам.

Да се нурка во вакви услови е посебно доживување, вели Паскали (Фото: СДК.МК)

„Кога се нурка во вакви услови, тоа е посебно доживување. Над езерото беснее снежна вејавица, а кога си на длабочина од десетина метри, можеш да го почувствуваш само чудесниот спокој што го дава подводниот свет. Тука ништо не допира од она што се случува на површината. Меѓу растителниот и животинскиот свет на дното на езерото владее хармонија. Тоа треба да се види и доживее”, вели Паскали.

Тој е член на подводниот центар „Акватек” и изминативе години интензивно го истражува подводниот свет на Езерото. Познати се неговите фотографии од праисторискиот чамец, што го откри на локалитет кај Свети Наум.