"Нискоградба" ќе го санира градското пристаниште
вторник, 08 јануари 2019
dopoln1q.jpgСиноќешниот студ, кога беа измерени -13 Целзиусови степени, дополнително ги сронија камењата на градското пристаниште во Охрид. Еден негов дел е веќе разурнат, и тоа на самиот влез на паркиралиштето за бродовите од охридската бела флота,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам.

„Деновиве, екипи на ‘Нискоградба‘ извадија камења од пристапниот дел на пристаништето, за да извршат нивелација на овој дел од брегот. Целиот зафат наскоро ќе биде зваршен”, ни изјави капетанот на Капетанијата на македонските езера Горан Устијановски.

Тој додаде дека овие оштетувања не ја нарушуваат стабилноста на градското пристаниште. Според него, за санација на откорнатите камења потребни се минимални средства и за тоа веќе биле информирани надлежните општински органи. Најавена е брза поправка на оштетувањата. Најголемите оштетувања на градското пристаниште настанаа во невремето во март минатата година.

Охрид синоќа ја доживеа една од најстудените ноќи во изминатава деценија, а -13 степени одамна не се измерени во градот.