Куче нападна девојче на "Железничка"
среда, 12 декември 2018

kuce200p.jpgНа 11 декември оваа година, во 20 часот, А.М.(39) од Охрид, пријави дека неговата 14 годишна ќерка, на улицата „Железничка“ во Охрид била нападната од куче-домашен миленик. Малолетничката, била пренесена во Општата болница во Охрид каде и биле констатирани повреди на левата потколеница.

По преземени мерки, СВР Охрид го идентификува С.С. (61) од Охрид како сопственик на кучето и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.