"Охридско лето" и МОБ за Сара
петок, 09 ноември 2018

 gale1q.jpgНационалните установи „Охридско лето"  и Македонската опера и балет се вклучуваат во акцијата за помош на младата Сара Настеска од Охрид со изведба на детската балетска претстава „Петар Пан“.  Претставата ќе се одигра на 29-ти ноемврина сцената на МОБ во Скопје.

Во рамки на хуманитарната акција претходно за децата од Охрид кои ќе бидат дел од оваа хуманитарна акција ќе биде организирана посета на МОБ со цел истите да се запознаат со работата на оваа националната установа.

На 15 - годишната Сара и е неопходна трансплантација на коскената срж за што се потребни 200 000 евра. Приходот од влезниците ќе оди на сметката за помош на семејството Настески од Охрид.aleksandar1q.jpgartem1q.jpg

Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

Петар Пан е лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М. Бери. Тој е палаво момче кое може да лета и го минува своето детство на малиот остров Недојдија како лидер на неговата банда „Изгубени момчиња“ заедно со сирени, самовили и пирати.