Сара го започна лекувањето во Германија
среда, 07 ноември 2018
sara200k.jpgПочитувани сограѓани и сите останати хумани луѓе кај нас и во странство,пишуваат  на почетокот од своето обраќање од семејството Настески,чија ќерка се бори со подмолна болест и додаваат:
-Ви се обраќаме со почит сакајќи да Ве известиме дека целото наше семејство се наоѓа во Германија. Благодарение на сите вас и Вашата хуманост започнавме со реализација на нашата цел. Овозможено ни беше авансно плаќање на дел од сумата, која е потребна за лекување во клиниката во Германија.

Веќе од вчера, 05.11.2018 година, по консултативен разговор со нив, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.

Бидејќи сите вие хумани луѓе станавте дел од нас и од нашето семејство, Ве молиме од срце помолете се кон Бога да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор како донор.

Дозволете ни да започнеме, а потоа да ве известуваме за лекувањето.

Вечно благодарни, од срце,
семејство Настески