Кај Подмоље во сообраќајка едно лице загина,петмина...
вторник, 06 ноември 2018
policija11.jpgУтринава , во 05 часот и 45 минути,  на магистралниот пат Подмолје-Струга, на крстосницата кај селото Мислешево, случена е сообраќајна незгода, во која едно лице го загуби животот а пет други имаат телесни повредени.  

Сообраќајната незгода, се случила помеѓу автобус со охридски регистарски ознаки и патнички автомобил „Шери“ со струшки регистарски ознаки, управуван од сега починатиот.

На местото на сообраќајнате незгода, увид изврши надлежен Јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица Струга.

Се преземаат мерки за идентификација на сега починатиот.