Дали гасне Универизитетот "Свети Апостол Павле?
понеделник, 05 ноември 2018

univ1q.jpg-Ветуваните подобри услови во образованието и новите инвестиции беа само предизборна измама на СДСМ, тие воопшто не се наоѓаат на листата на приоритети,рече на почетокот на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

-За студентите, идните академски граѓани во Република Македонија заедно со учениците кои беа најповеќе манипулирани имаше премногу ветувања од страна на пратениците на СДСМ, Жаклина Лазаревска и Томислав Тунтев. Нема реализација, само кратења во образованието буквално во сите сектори. Претседателот на Комисијата за образование, наука и спорт има обврска да објасни што се случува со образованието.

Имено, со Ребалансот на буџетот се кратат средства за изградба на основни и средни училишта, спортски сали, реконструкција на студентски домови. Во секторот високо образование за Охрид, односно за Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ се кратат половина од предвидените финансиски средства за капитални расходи и инвестиции.

Каде се реформите на Министерството за образование и наука и се воведува ли во прашање фукционирањето на овој Универзитет со сите негови факултети?

Претходно, Универзитетот објави конкурс за факултети за коишто нема акредитација, па студентите мораа да се префрлуваат на други насоки.

Директорот на Јавната научна установа „Институт за филм – Филмска академија Охрид“ да одговори дали професорите веќе неколку месеци не добиваат финансиски надомест, додека студентите се оставени без настава, а со тоа и нивните дипломи под знак прашање?

Во прва година на Академијата за филм, која работи по стандардите на ФАМУ во Прага, оваа учебна година немаше уписи.

Се укинува ли Академијата за филм, а Охрид нема да прерасне во град на филмот?

Хаосот во воспитно-образовниот процес предизвикан од СДСМ на централно и на локално ниво никако да запре. Градоначалникот Стојаноски не реализира ниту еден проект во сферата на образованието.

Еден месец учениците немаа бесплатен училишен превоз, а веќе трет месец учениците од руралните средини се оставени без квалитетен и навремен превоз.

Почитувани,

Оваа власт на СДСМ ниту инвестира, ниту работи за подобро образование, затоа истата веднаш треба да си замине,кажа Божиновски.