Цвеќе за хероите
четврток, 11 октомври 2018
cveke1ww.jpgВо  рамки на чествувањата посветени на 11 Октомври  - Денот на народното востание, делегација  од општина Охрид  предводена од градоначалникот Јован Стојаноски и  претставници од јавниот и политички живот од градов ,  денес положија  свежо цвеќе на Спомен обележјето од НОБ во градскиот парк, во дворниот простор на Основен Суд –Охрид и Економското училиште, „Св. Кирил и Методи“. Цвеќе беше положено  и на спомен обележјето кај Градски гробишта.