Ден на востанието-светол датум во Македонија
четврток, 11 октомври 2018
makedonsko1rt.jpgМакедонија денес одбележува 71 година од почетокот на  антифашистичкото востание.Почетокот е поврзан со  градовите- херои -Прилеп и Куманово.

На 11 Октомври 1941 борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за  ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

 По неколкугодишна борбасо  окупаторите  следеа одлуките  Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.