Книга за основачот на македонската публицистика
среда, 10 октомври 2018

shahov1qq.jpgВо издание на НУ Библотеката „Григор Прличев“ од Охрид и Друштвото „Базилика“ од Мешеишта – Дебарца излезе од печат книгата „Коста Шахов Книжевност“ од д-р Томе Груевски, професор по комуникологија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Со овој труд ќе биде одбележана 130 годишнината од излегувањето на весникот „Македонија“ што се појавил во градот Русе во 1888 година. Шахов е  основоположник на македонската публицистика

По тој повод во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид на 12 октомври, петок, во 12 часот ќе биде организирана промоција на оваа книга.

На промоцијата за делото и творештвото на  охриѓанецот Шахов и за авторот  д-р  Груевски ќе зборуваат: Гордана Змејковска, директор на библиотеката, Милчо Јованоски и Светомир Стефановски. 

 

Овој настан ќе биде искористен за да биде означен и почеток на  проектот: „Кога книгата и музиката другаруваат“на  НУ Библиотека Григор Прличев“ и Основното музичко училште „Методи Патче “ од Охрид.

На сите промоции во Библиотеката  од октомври 2018 до јуни 2019 ученици од ОМУ ќе настапуваат со една до две точки а библиотеката ќе им подарува книга. На тој начин ќе се популаризираат книгите, музиката и младите изведувачи.     

Последни измени ( среда, 10 октомври 2018 )