"Инклузија" домаќин на невладини организации од светот
понеделник, 08 октомври 2018

sosta1w.jpgВо текот на изминатиот викенд, членовите на здружението за мултикултурна интеграција "Инклузија" од Охрид, беа домаќини на состанок со претставници од невладини организации од Србија, Хрватска, Португалија, Италија и Словачка.

Координативната средба се одржа како почетна активност во рамките на Erasmus plus проектот "3Е – It’s time to act". Целта е насочена кон  зајакнување, претприемништво и вработливост на младите луѓе, со помалку можности.

 

Се предвидува реализација на повеќе настани на оваа тема, а главна активност ќе биде реализацијата на младинскиот камп кој ќе се одржи на почетокот на месец декември во Охрид и на кој учество ќе земат 40 млади и младински работници од погоре наведените земји.

 

 sosta2w.jpgsosta3w.jpgsosta4w.jpg"Инклузија" е носечка организацијаза Македонија, заедно со центарот за доживотно образование "Едуфонс" од Нови Бечеј, Србија и волонтерската асоцијација "Грамигна" од Беневенто, Италија.

 

Како партнери се јавуваат и "Интерактива" од Осијек, Хрватска, "SYTEV" - Словачка младина за патување, образование и волонтерство и "Inspira" од Карвела, Португалија.

 

Согласно очекувањата и динамиката на имплементација на предвидените активности, предвидено е проектот да финишира кон крајот на март наредната година.

 

Истовремено, средбата беше искористена и за потпишување меморандуми за соработка со сите погоре наведени чинители, во насока на креирање и спроведување квалитетни идеи и решенија за подобрување на квалитетот на живот на младиот човек во сите општини на делување на организациите.