Охридски кардиолози на еко-акција
понеделник, 08 октомври 2018
kard2e.jpgВработените во Кардиолошки завод од Охрид  и Здравствен дом -Охрид  организираа еко- акција во која се чистеше просторот кај месноста Свети Стефан каде што е сместен Заводот.

Оваа еколошка активност се спроведе во рамките на одбележувањe на Денот на Европска Соработка - European Cooperation Day. ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Св.Стефан” од Охрид во соработка со ЈЗУ Здравствен дом Охрид како партнери во проектот Heart Safe Cities во склоп на Interreg IPA CBC Programme 2014-2020 спроведе акција под мотото: Здраво срце - чиста околина”. Целта беше да се претстави  проектот во кој учествуваат заедно со партнери од Грција. Во наредните две години Заводот ќе биде ангажиран во спроведување на низа активности предвидени во проектот.,соопштија од Кардиолошкиот завод.
  kard3e.jpgkard4e.jpgkard5e.jpg

Хуманитарниот настан се спроведе во соработка со „Алкалоид“ и кафе бар „Објектив“ каде  посетителите можеа да донираат средства за лекување на деца од семејства под социјален ризик.