Параглајдерист од Украина паднал на Галичица
четврток, 09 август 2018
paraglajder1qq.jpgВчера во 14,50 часот во СВР Охрид, од вработени во Националниот парк „Галичица“, пријавено е дека на планината Галичица, кај месноста „Баба“, паднало лице со параглајдер. Екипа на униформирани полициски службеници од СВР Охрид,, веднаш е упатена на посоченото место и известена е планинарската служба за спасување како и Итната медицинска помош. На местото бикано „Баба“,во контактибилна состојба е затекнато лицето О.В. ( 37) од Киев-Украина, кој претходно летал со параглајдер по што, од засега неутврдени причини,изгубил висина и паднал.  Тој, е пренесен во болницата Св.Еразмо каде се констатирани тешки телесни повреди по што е задржан на понатамошно лекување. По овласување на Јавен обвинител,  Зоран увид на местото на настанот извршија екипи на СВР Охрид.
Последни измени ( четврток, 09 август 2018 )