Љубаништанец незаконски уловил мечка
среда, 08 август 2018

mecka1q.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело  „незаконит лов”, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.С. (56) од охридското село Љубаништа.

Тој, на трети ноември минатата година, на забрането ловиште од Национален Парк „Галичицаво атар на селото Љубаништа, со поставување на челична сајла извршил заловување односно ранил и фатил мечка- крупен дивеч под заштита, што според Законот за ловство е трајно забрането.

По овластување од дежурен Јавен Обвинител, извршен е увид при што констатирано е дека,  пријавениот, во местото „Подградекај Љубаништа, неовластено поставил три челични сајли-„примкина кои се фатила мечката. Истите се подигнати и предадени на вештачење а ветеринарни техничари од ветеринарната болница Скопје, извршиле успивање на мечката.