На 83 години се впуштил во кражба
вторник, 07 август 2018

svroohrid2q.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.З.(58), В.З.(52) и Ш.Ш.(83) сите од Охрид.

Пријавените, здружени заради вршење кражба, во периодот април-јули оваа година од магацински простор во Охрид одзеле плочки, арматура со различни димензии од кровна конструкција  и лим, со што се здобиле со противправна имотна корист од 326.000,оо денари.