Фламенго танци од кубански изведувачи
понеделник, 06 август 2018

kubanci1ee.jpgКубанската група ЕКОС вчерва во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ќе приреди незаборавна вечер со фраменго танц. Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.

Во 1999 година група искусни танчери и музичари на фламенго музика ја создаваат Фламенго компанијата ЕКОС.Основана е во рамките на Танцувачкиот центар во Хавана, Националниот совет за сценски уметности и Министерството за култура на Куба. Членовите на ЕКОС се танчери со неоспорлив талент и високо техничко ниво, кои се обучувани од најдобрите педагози, танчери, кубански кореографи и најголемите фламенго фигури во светот. Нивните изведби се во вид на т.н. „шоуа“ и досега се имаат појавено во најголемите театри во Хавана и воопшто во Куба, настапуваат и на фестивали, како и на голем број национални и интернационални случувања во земјата. Покрај тоа, се имаат претставено и на фестивали во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати и во Кувајт, а настапувале и во Турција.

Од 2009 година, основачите на ЕКОС - примабалерината, кореограф и уметнички директор Ана Роса Менесес и музичарот, пејач и музички директор Мигуел Чавез започнуваат проект во кој прават спој на јоруба музиката, кантри музиката и танцови елементи од популарната кубанска музика со разновидни фламенго жанрови. Овој проект веќе со години ja воодушевува публиката насекаде.  Покрај изведувачката дејност, ЕКОС многу често одржува и курсеви и работилници со Фламенго школата во рамките на Фламенго клубот.Покрај кубанските популарни танци, на овие предавања слушателите имаат можност да учат и пеење, а се одржуваат и фламенго конференции.