Колекторот работи со 30 насто од капацитетот
четврток, 12 јули 2018
kolektor1ww.jpgДиректорот на охридска „Про Аква“ Владимир Алексиески вели дека колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро од отпадни и загадени води е во хаотична состојба и работи само со 30 отсто од вкупниот капацитет,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажакм.

Директорот на ова јавно претпријатие има и порака за граѓаните, вели дека летово и покрај сите проблеми езерото ќе биде чисто.

„Ако треба јас прв ќе се напијам вода од езерото за да види јавноста дека езерската вода е чиста“.вели Алексиески.

Во „Про Аква“ не кријат дека се загрижени за состојбата во колекторскиот систем и велат дека во скоро време очекуваат финансиска по помош и од владата за негова санација. Тие посочуваат и на големата неодговорност на претходното раководство.

„Пред некоја година беше добиен грант од Швајцарија во износ од 960 илјади франци за репарирање на редукторите на пумпните станици. Меѓутоа поради немарност тие се речиси уништени и затоа е смален капацитетот на колекторот за пренесување на нечистата вода до пречистителната станица во Враништа кај Струга, Во редукторите навреме или воопшто не било ставано масло за нивно подмачкување поради што тие прегореле“, вели директорот на „Про Аква“ Владимир Алексиески.

Алексиески на 27 мај најави значаен зафат за подобро функционирање на колекторскиот систем, со употреба на роботизирани машини.

„Една хрватска фирма ни понуди да го реши пробллемот. Тие имаат роботизирани машини ќе го чистат цевководот на најзагрозените делови на колекторот кај Подмоље, Лагадин. Откако роботи ќе го исчистат цевководот во постојните цевки ќе се вметнат нови цевки со што ќе се зголеми пропусната моќ на системот. Ќе се чисти од шахта до шахта. Оваа фирма сличен ваков проблем реши во градот Ровињ. И таму колекторот беше во иста состојба како нашиот и по нивната интервенција сега тој функционира многу добро“, кажа тогаш Алексиески.