На два плоштада во Охрид има бесплатен Интернет
среда, 11 јули 2018
bespateni1q.jpgНа два плоштада и на локалитетот Плаошник Охрид од денес обезбеди бесплатен Интернет  за гостите.

Поставена е опрема и пуштен е во употреба Hot Spot бесплатен интернет  на плоштад Св. Климент Охридски”,плоштад “Крушевска Република” – Чинар и на  Плаошник.


:На овај начин посетителите, туристите, ќе имаат можност бесплатно да користат WiFi интернет со цел   добивање на информации за туристичка понуда, календар на настани, манифестации, новости и услуги на градот.

Со самото приклучување на бесплатниот WiFi како почетна страна се отвора ново-редизајнираната веб  www.ohrid.com.mk

 

 

Последни измени ( среда, 11 јули 2018 )