Џорџ Клуни повреден е во сообраќајка
вторник, 10 јули 2018
povredenk1w.jpgХоливудскиот актер Џорџ Клуни е полесно повреден откако возејќи се на мотор се судри со автомобил во Италија, јавија локалните медиуми.

57-годишникот беше пренесен во болница, но набрзо беше пуштен, бидејќи нема посериозни повреди. Клуни е на снимање на ТВ-драмата „Кеч-22“ на италијанскиот остров Сардинија.

Според локалните извештаи, тој бил на пат кон филмскиот сет кога автомобилот удрил во неговиот мотор, а возачот на автомобилот му помогнал на актерот додека чекале да дојде Брза помош.