Сообраќајна едукација за најмладите
понеделник, 09 јули 2018
stop4ds.jpgОпштинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата-Охрид, денес ја продолжува  националната кампања-недела за безбедност во сообраќајот „Го сакам градот безбеден“.

Денешните активности се посветени на најмладите-децата од детските градинки. За нив е предвиден едукативен сообраќаен час што ќе го реализираат претставници од Советот и полициски службеник од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид.   Едукативниот сообраќаен час ќе се спроведе низ возење со панорамскиот автобус по сообраќајниците во градот и надвор од населеното место, при што, полицискиот службеник на најмладите ќе им одржи типизирано интерактивно предавање за сообраќајот.

stop1ds.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 stop3ds.jpg

 

Покрај панорамското разгледување на Охрид, оваа активност има едукативен карактер и има за цел поцелосно запознавање на најмладите со сообраќајната инфраструктура во градот, информирање за значењето на автобусот како најкористено превозно средство во светски рамки, потсетување за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи и влијание врз свеста кај најмладите  за подигнување на безбедносната култура.

Тргнувањето на панорамската прошетка ќе биде во 9 часот пред централната детска градинка „Јасна Ристеска“.