Лондон е најпосакуван град за странците
сабота, 30 јуни 2018
lon1ww.jpgЛондон ја задржа водечката позиција, како најпосакуван град за странски работници, покажа најновото истражување на Бостонската консултантска група и на сајтот totaljobs.

Сепак, Велика Британија како држава падна за три позиции на листата, поради загриженоста како Брегзит ќе се одрази врз миграцијата на работници. Британија падна од второто на петтото место и сега се наоѓа зад САД, Германија, Канада и Австралија.

Во истражувањето, прво вакво од 2014 година, учествувале 366.000 работници од речиси 200 земји и тоа покажа дека Брегзит не влијаел врз угледот на Лондон како глобален финансиски, културен и бизнис центар, па и натаму е најпривлечен за странски работници.

Следни на оваа листа се Њујорк, Берлин и Барселона.

Во исто време, бројот на Британци кои сакаат да работат во други земји пораснал за 60%, што е најголемо зголемување во која било земја.