Оскаровската академија прима рекорден број членови
вторник, 26 јуни 2018
oskarovci1ww.jpgАкадемијата за филмска уметност и науки продолжува да ги исполнува своите ветувања дека ќе стане поразновидна, поканувајќи рекордни 928 нови членови од 59 земји, вклучувајќи ги актерите Тифани Хадиш, Кумаил Нанџани и Џина Родригез.

Академјата која ги доделува Оскарите објави дека 49 отсто од поканетите се жени, а 38 отсто се луѓе од различни раси. Ако ги прифати сите поканети, Академијата ќе го зголеми своето членство на 31 процент женски и на 16 проценти лица со различна боја на кожата.

„Значи, можам да гласам?” изјави Хадиш во видео порака, пред да извика низ смеа: „Ќе ги добивам филмовите бесплатно?”.

Филмската академија во 2016 година вети дека ќе го удвои бројот на женските и на малцинските членови до 2020 година.

Поканите секогаш се движат од релативно нови имиња до ветерани во филмската индустрија како Дејв Чапел, Џејда Пинкет Смит, Ејми Шумер, Даниел Калуја, Тимоти Каламет и унгарскиот режисер Бела Тар.