Македонија ги отвора преговорите за ЕУ во 2019 година
вторник, 26 јуни 2018
bris1ww.jpgМакедонија ќе добие условно отворање на преговори за влез во ЕУ во јуни 2019 година, твитна европскиот комесар за проширување на Европската Унија Јоханес Хан. Тој на Твитер рече дека е задоволен што Албанија и Македонија сепак ќе започнат пристапни преговори за членство во ЕУ во јуни 2019.

„Драго ми е што Европскиот совет го осветли патот кон проширувањето, особено за Албанија и идната Северна Македонија, после долга дебата. Патот кон отворањето на пристапните преговори во јуни 2019 е расчистен. Клучен сигнал за регионот дека прогресот е награден, и круцијален за кредибилитетот на ЕУ“, напиша Хан на неговиот Твитер профил.

„Драго ми е што Европскиот совет го осветли патот кон проширувањето, особено за Албанија и идната Северна Македонија, после долга дебата. Патот кон отворањето на пристапните преговори во јуни 2019 е расчистен. Клучен сигнал за регионот дека прогресот е награден, и круцијален за кредибилитетот на ЕУ“, напиша Хан на неговиот Твитер профил.

Како што јави известувачот на МИА повикувајќи се на дипломатски извори на состанокот нa Советот на ЕУ за општи работи што е во тек во Луксембург, преговорите за Македонија ќе бидат условени. Според изворите, Советот на ЕУ препорачува можно отворање на преговори за членство во јуни 2019 под четири услови: спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на договорот за името, позитивен извештај на Европската Комисија и одлука на Советот на ЕУ. Отворање на преговорите за Македонија е условено и со постигнување напредок во реформите. Ако се исполнат условите првата меѓувладина конференција би почнала пред крајот на 2019.

Советот денеска треба да донесе одлука по препораката на Европската комисија за почеток на пристапните преговори на Македонија и Албанија. Според претходно утврдената стратегија за проширување на ЕУ, двете земји може да станат членки на блокот во 2025.

Шефовите на европските дипломатии преговараа за компромис за старт на преговори со Македонија. Франција и Холандија, како што јави известувачот на МИА од Луксембург, беа тврди и не попуштаа за датум за преговори. Германскиот министер за Европа, Михаил Рот гневен го напушти состанокот нарекувајќи ги дискусиите за Македонија „разочарувачки“.

„Германската Влада е подготвена да ги поддржи Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ. Подготвени сме да дадеме зелено светло и би сакал да ги охрабрам и нашите пријатели во Холандија и Франција да ни се придружат“, рече Рот пред денешниот состанок на Советот за општи работи во Луксембург.

Чешкиот државен секретар за европски прашања Алеш Хмелар, кој мораше да го напушти состанокот за да фати авион, рече дека останува да се види дали на Самитот на 29 јуни ќе се отвори темата.

Извор :Сакам да кажам