Во протестите пред Собранието има повредени
недела, 17 јуни 2018
povredeni1qq.jpgИма неколку повредени во демонстрациите вечерва пред Собранието на Македонија. Интервенираше и Брзата помош.Од службата за итна помош за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека интервенирале на барање на полицијата и дека нивните екипи се на терен, без да дадат информации за бројот на повредени.

 

Два кордона специјална полиција го чува Собранието. Од двете страни има групи кои им довикуваат на полицајците и одвреме навреме фрлаат камења кон нив. Најнасилните демонстранти се маскирани.

Полицијата употреби десетина шок бомби и солзавец за растурање на демонстрантите.

Во моментов ситуацијата е смирена, но тензична. Има само довикување од страната на Градската болница и Триумфалната капија.

Од тоа што го видоме на местото на настанот нема голема штета, освен што е откорнат еден семафор.

Демонстрациите се во знак на протест против договорот за името.