"Вдиши театар" ја отвори претставата "Во Фиока"
четврток, 14 јуни 2018

fio4qq.jpgТесен беше просторот во предворјето на црквата "Св.Софија" да ги собере сите оние кои вчера дојдоа да „ВДИШАТ ТЕАТАР“ и бидат дел од отворањето на Младински аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид по петти јубилеен пат, како предвесник на охридското културно лето, се реализира од 13-17 јуни во Охрид.

Спектакуларен беше  и настапот на театарската група на Црвен крст Охрид која ја изведе театарската претстава „ВО ФИОКА“  во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сиона Доленц.  Нашите млади и талентирани актери на креативен и вешт начин не потсетија за изгубените вредности во денешницава, но и ја истакнаа надежда дека тие се само скриени „во фиока“ и дека секој од нас треба да направи исчекор за враќање на вистинските вредности.

Втората вечер од театарскиот фестивал  „ВДИШИ ТЕАТАР“, е резервиран за театарската група на Црвен крст Суботица, Србија кои вечерва, 14.06.2018 г.,  во предворјето на црквата Св.Софија со почеток во 21:00 ч. ќе ја изведат театарската претстава „СОБИРЕН ЦЕНТАР“, од Душан Ковачевиќ.

fio2qq.jpgfio3qq.jpgfio5qq.jpgfio6qq.jpg
Последни измени ( четврток, 14 јуни 2018 )