Градоначалникот си го крка од охриѓани за одлука од ....
среда, 13 јуни 2018

jovan1000t.jpgОхридскиот градоначалник Јован Стојановски се најде на  тапет на охриѓани поради најавените зони за паркирање.Ова предизвика голем револт во Охрид посебно што во јавноста се вртеа информации за тоа дека паркинг ќе се наплаќа и на улици на кои досега тоа не се вршело.А сето тоа стоело во одлуката на предходната власт,

“И двете одлуки за зонското паркирање и цената на паркирањето се во насока на подобрување на сообраќајот во градот и поефикасно регулирање на паркирањето. Нема да има наплата на паркинг на булеварот “Туристичка“ и улицата “Јане Сандански“, со оглед дека и сега не постојат услови за наплата, а кои потсетувам со Одлука на претходната локална власт беа предвидени како паркинг зони. Наплатата на паркинг на овие улици очекуваме да започне од септември. Основна наша интенција е да го модернизираме начинот на наплата за паркинг простор и да се обидеме да ја дестимулираме не секогаш оправданата употребата на моторни возила на нашите сограѓани “истакна денес на прес конференција Стојаноски.

 

Стојаноски дека кажа цените во трите зони на паркирање се пониски во однос на претходниот период, а што е уште поважно целиот проект е со далеку пониска цена  во однос на она што го предлагаше претходната локална власт. Стојаноски уште истакна дека утрешната седница на Советот на Општина Охрид, ќе ја потврди исправната заложба на локалната самоуправа за овој проект.

Последни измени ( среда, 13 јуни 2018 )