"АРНО":Уште седум дена за аплицирање за зелени...
среда, 13 јуни 2018

Здружението за социјални иновации „АРНО“ најавува дека македонските граѓани имаат уште 7 дена за аплицирање на натпреварот за зелени бизнис идеи. Развој на рурален туризам, пласман на органски производи, рачна изработка на играчки за деца, домашни сокови, алтернативни начини на превоз, нови технологии кои помагаат на општеството се само дел од идеите со кои граѓаните можат да аплицираат.  Пријавувањето е преку пополнување на краток формулар кој  е достапен на www.arno.org.mk.

zeleni1qq.jpg

„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува  развој на мали, локални и зелени, одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора , Србија и Босна и Херцеговина.

 

„Зелени бизниси се оние бизниси кои се спротивставуваат на користењето пластика, фосилните горива, кои користат локално знаење и ресурси (не е дозволен увоз), автохтони сорти, кои генерално се добри за природата, а придонесуваат за општеството. Зелената економија е правецот во кој се движи Европа и светот. Ние како земја имаме потенцијал, и затоа и оваа година очекуваме квалитетни зелени бизнис идеи, а очекуваме да имаме повторно и регионални победници. “ -изјави Ирина Јаневска, Координатор на проектот.

 

Деталите за конурсот се наоѓаат на веб страницата www.arno.org.mk. Повеќе информации можат да се добијат на 077 855 832  или на e-mail Оваа e-mail е заштитена од спам, ви треба вклучен JavaScript за преглед на пораката

 

Здружението за социјални иновации „АРНО“, четврта година по ред,  го администрира националниот натпревар „Филантропија преку зелени идеи“ и се гордее на македонските победнички идеи: Првата кооператива на органски потрошувачи „Наша добра земја“ (2015 год.) ,инцијативата за репарирање на стар мебел која прерасна во мал бизнис воден од архитектката Марта Мојсова - „СПИН“ (2016 год) и минатогодшините иницијативи кои оддекнаа во јавноста: еко-илузиите на магионичарот Кристиан Шопов, и стартапот на Јане Заевски и тимот кој ја основа платфромата „Храна за сите“ преку која угоститески објекти продаваат и донираат таканеречена “last minute“ храна.

 

Натпреварот функционира преку поставени и проверени критериуми и процеси кои обезбедуваат транспарентен избор на победнички идеи во сите земји. Употребата на локалното знаење, вештини и локални ресурси се дел од насоките за сите апликанти. Никаква употреба на фосилно гориво, намалување на штетите врз природата, нови вработувања, вистинска самоодржливост и оригиналност се дел од критериумите за оценување.

Оваа година Македонија е домаќин на регионалниот натпревар каде победниците на националните конкурси, по 3-ца од секоја земја, се натпреваруваат за награда од 10.000 долари за реализација на  идејата во своите земји.