Македонци од Република Северна Македонија
вторник, 12 јуни 2018
postig1qq.jpgДоговорот за Северна Македонија, постигнат за време на вчерашниот телефонски разговор меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, се очекува да биде потпишан до крајот на неделата, објавија грчките медиуми, кои објавија и детали од договорот. Според информациите на радиото „Њуз24/7“, пренесени од провладината „Ефемерида“, двајцата премиери ги договориле и одредниците за „македонски јазик“ и „македонски државјанин“, а во македонскиот устав нема да има референци за заштита на македонските малцинства надвор од границите,пишува најчитаниот сајт Сакам да кажам.