Сертификати за учениците од Бреинобреин програмата
недела, 10 јуни 2018

dipk1q.jpgНа завршна свеченост која денес се одржа во Едукативниот тренинг центар на Црвен крст Охрид во Велестово, на учениците кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, им беа доделени сертификатите за успешно завршено соодветно ниво од програмата. Настанот беше можност и за меѓусебно дружење, забава и спортување, на децата, но и на родителите.

Центарот БОБ-Црвен крст Охрид продолжува со работа во септември, кога и ќе бидат реализирани уписи на нови деца за есенскиот циклус на Бреинобреин програмата.

dipk2q.jpgdipk3q.jpgdipk4q.jpg