Трамп ја послуша Ким Кардашијан
среда, 06 јуни 2018
kim1ee.jpgДоналд Трамп се согласи да ја помилува 63-годишната Алис Џонсон, која служеше доживотна казна затвор поради ненасилен случај со дрога.

Случајот на Џонсон стана светски познат откако минатата недела Ким Кардашијан се сретна со Трамп во Белата куќа за да лобира за нејзино пуштање на слобода.

Белата куќа соопшти дека Џонсон била примерен затвореник и дека работела напорно на своја рехабилитација.

Џонсон беше затворена во 1996 година, бидејќи била дел од синџир за дистрибуција на кокаин во Тенеси. Беше обвинета за поседување дрога и за перење пари. Се очекува таа наскоро да излезе од затвор.

„Иако доби доживотен затвор, Алис работеше напорно на својата рехабилитација и беше ментор на други затвореници“, кажа Белата куќа.

Ким Кардашијан долго време водеше кампања за ослободување на Џонсон, за што се здружи со зетот на Трамп, Џеред Кушнер.