Хооландија ќе прави куќи за живеење во 3-Д печатење
среда, 06 јуни 2018
holand1qqd.jpgАјндховен ќе стане прв град на светот кој ќе има куќи за живеење направени со 3-Д печатар, иновација за која се верува дека може да предизвика револуција во градежната индустрија.

Првите вакви куќи ќе се најдат на пазарот наредната година и тие ќе бидат од најмалите, со две спални соби и 20-ина заинтересирани семејства веќе аплицирале за нив, неколку недели откако беа објавени првите фотографии.

Познат како проект „Мајлстоун“, компанијата „Фан Вајнен“ вели дека овие куќи треба да бидат решение за недостигот на квалификувани ѕидари во Холандија.

„Овој метод ќе ги намали трошоците и штетата за околината, со тоа што ќе се намали употребата на цемент“, вели директорот на фирмата, Руди фан Гурп.

3-Д печатар е голема роботска рака со млазница која исфрлува специјално формулиран цемент со текстура на шлаг. Цементот се печати според дизајнот на архитектот, додавајќи слој врз слој, за да се добие ѕид.

Користењето на оваа технологија овозможува и ставање на безжични сензори директно во ѕидовите, со што куќите стануваат целосно „умни“ (осветлување, греење и безбедносни контроли).

„Ни се допаѓа изгледот на куќите, затоа што се иновативни и имаат футуристички дизајн. Нашата идна цел е луѓето да дизајнираат свои сопствени куќи и сами да ги печатат. Мислиме дека 3-Д печатењето ќе стане многу популарно во градежната индустрија во наредните пет години“, смета Фан Гурп.