Македонија во 2019 ќе биде домаќин на големи пливачки...
сабота, 02 јуни 2018
dve1ee.jpgВикендов во Будимпешта се одржува конгрес на Европската пливачка федерација.За нас е посебно важно што е договорено во 2019 година во Македонија да се одржат две големи пливачки манифестации.
На 17. август 2019 година во Македонија ќе се одржи Лен Европскиот воден куп во олимписката дисциплина 10 км.
 
Овој настан ќе биде и главен тест за добивање на огранизација на Европско првенство во далечинско пливање во 2020 година. Доколку Македонија го положи тестот, Охрид ќе биде домаќин на најголемиот пливачки настан досега одржан во нашата земја.
 
maleb1q.jpgmaleb2q.jpg
Балканските пливачки федерации го прифатија предлогот на претседателот на Македонската пливачка федерација, Александар Маленко за организација на Балканско првенство во далечинско пливања. Па Македонија од 8 до 10 август 2019 година ќе биде домаќин на балканските земји на натпреварување во дисциплините 5км, 7,5км, 10км и штафети.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Маленко во друштво со претставници на Европскиот парламент
Последни измени ( сабота, 02 јуни 2018 )