Руски новинар во Киев умре, па оживеја
среда, 30 мај 2018
bab1wes.jpgРускиот новинар Аркадиј Бабченко, за кого синоќа беше известено дека бил убиен пред својот дом во Киев, денес се појави жив и здрав на прес-конференција на украинска телевизија.

Шефот на безбедносните служби на Украина, Васил Хритсак, кажа дека „убиството“ било наместено, за да се разоткријат руски агенти.

„Според информациите што ги добија безбедносните служби на Украина, убиството на рускиот новинар Аркадиј Бабченко беше нарачано од руските безбедносни служби“, изјави Хритсак.

Бабченко притоа им се заблагодари на украинските безбедносни служби што му го спасиле животот. Нејасно е како точно било наместено лажното убиство.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека се среќни што Бабченко е жив.bab1we.jpg

„Убиството било наместено за пропагандни цели“, изјави портпаролката Марија Захарова.

Како што беше објавено вчера, Бабченко бил пронајден од неговата сопруга застрелан пред зградата во којашто живеат. Тој подоцна „починал“ во амбулантното возило.

Бабченко откри дека и неговата сопруга не знаела дека убиството е наместено.

„Посебно извинување до мојата сопруга“, кажа Бабченко.

Полицијата кажа дека е извршено едно апсење во рамките на оваа операција.

Четириесет и едногодишниот Бабченко беше принуден да избега од татковината, откако прими смртни закани за пишувањата за падот на рускиот воен авион во 2016 година, кога загинаа членовите на хорот на Црвената армија. Тој важи за жесток критичар на Кремљ во изминатите години, при што ги осудуваше руските воени акции во Сирија и источна Украина.

Последни измени ( среда, 30 мај 2018 )