Ричард Гир по три децени се враќа на телевизија
среда, 23 мај 2018
gir800.jpgРичард Гир потврди дека ќе ја има една од главните улоги во серијата на Би-Би-Си, „Мајка татко син“, што ќе му биде прв голем телевизиски ангажман во кариерата.

Автор на серијата од осум епизоди е Роб Смит, кој стои зад „Убиството на Џани Версаче: американска крими приказна“.

„Поминаа речиси 30 години како не сум работел на телевизија. Среќен сум што ќе работам со Би-Би-Си на овој извонреден проект, што толку многу одговара на времето во коешто живееме“, изјави Гир.

Тој ќе игра харизматичен американски бизнисмен во областа на медиумите, чиј 30-годишен син, кој води весник во Велика Британија, сака да го наследи како еден од најмоќните луѓе на светот.

Снимањето на серијата ќе почне на лето, а ќе се одвива во Лондон и Шпанија.