Им се запалил автобусот на фудбалерите на Црвена Звезд
недела, 20 мај 2018
zapalil1en.jpgАвтобусот што ги превезувал фудбалерите на Црвена звезда по вчерашниот натпревар со Вождовац се запалил во населбата Автокоманда, при што немало повредени. ри пожарникарски возила по повеќе од еден час успеале да го изгаснат пожарот, кој целосно го уништил панорамскиот автобус.

Фудбалерите и навивачите цело време по пат палеле факели (Фото: РАС)

Причината за пожарот засега не е позната, но фудбалерите со автобусот тргнале на прославата на 28. шампионска титула и по пат цело време палеле факели и друга пиротехника. Тие притоа биле следени од неколку илјади навивачи. Според некои информации, пожарот избувнал во пределот на моторот.

Бидејќи не можеле нормално да се симнат од запалениот автобус, некои фудбалери биле принудени да скокаат од него. Полицијата притоа спасила неколку деца кои биле во близина на автобусот.

Некои играчи се вратиле на стадионот „Рајко Митиќ“, додека други продолжиле со прославата.