ОМД:Владините субјекти да се воздржат од... |
среда, 16 мај 2018 | |
ОМД како најголема организација на Македонската дијаспора, верува дека никој нема право да преговара за името, идентитетот и уставот на Републиката, за кои на 8 Септември 1991 година, со убедливо мнозинство од 95%, народот одлучил за тоа како ке се именува, уредува и идентификува државата, во нејзнината внатрешна и надворешна политика. Според ОМД, промена на името, уставот и идентитетот на Македонија, е казливо дело, за кое ОМД се залага да ги информира сите субјекти од Советот за Безбедност на Обединетите Нации и организации за Човекови Права, како би се докажала нелегитимноста на чинот и неговите чинители.
Наместо политика на понизност како би се удоволило на безкрупулосните барања на јужниот сосед, ОМД апелира да се задржи достоинството на Македонија преку прекин на прегодоворите и посветено работење на нејзините демократски капацитети, економија и конкурентност. Наместо промена на името на државата, ОМД верува дека на Македонија и е потребно структурално рестартирање со цел да се постават здрави основи за соодветно работење на административниот, правниот, корпоративниот, финансискиот и граѓански сектор. Во тој правец, ОМД ги подржува политичките субјекти да ја искористат можноста за соработка со земјите членки на Европската Унија и регионот, преку Берлинскиот процес и предстојниот Самит за Западен Балкан во Софија, Република Бугарија. |