Јабланица ќе стане Национален парк
вторник, 15 мај 2018
jablanica1qq.jpgУтре ќе биде потпишана  Иницијативата за заштита на Планината Јабланица преку прогласување на планината за заштитено подрачје во категорија Национален парк, од страна  Рамиз Мерко,  градоначалник на Општина Струга и  Сашо Јанкоски,  градоначалникот на Општина Вевчани,.

Иницијативата  е веќе поддржана од претседателите на сите месни заедници - села од подрачјето на планината Јабланица кои што се наоѓаат во територијата на идниот Национален парк или во нејзино непосредно соседство, согласно предложеното зонирање на Националниот парк согласно претходно направените научни студии.