План за управување со сливот на Охридско Езеро
понеделник, 14 мај 2018

dejan10m.jpgУтре (Вторник, 15.05.2018) во Охрид ќе се одржи почетниот состанок за изработка на Планот за управување на сливот на Охридско Езеро, еден од најважните и најнеопходните документи за иднината на заштитата и управувањето со сливот на Охридско Езеро . Планот е билатерален и интегрален и ќе биде изработен во согласност со Европската рамковна директива за води и националните законодавства на дветe земји кои го споделуваат Сливот на Охридско Езеро.

Состанокот ќе содржи презентација на веќе изработениот Почетен извештај за изработката на планот за управување со сливот и ќе ги посочи принципите и чекорите за изработка на самиот План за управување. Исто така ќе биде создадена и платформа за дискусија помеѓу сите надлежни институции за процесот и за методологијата на изработката.


„Заеднички, интегрален План за управување со сливот е алката што ни недостасуваше во заштитата и управувањето со Охридско Езеро. Овој план заедно со прекуграничната дијагностичка анализа на Дримскиот Басен и Стратешкиот акционен план се основата за поставување на надеж за зачувување на вредностите и за креирање на одржливата иднината во регионот. Тоа е впрочем нашата мисија и цел кон која тежнееме “,изјави Дејан Пановски, нац. координатор на ГЕФ Дримскиот проект,


Изработката на Планот за управување со сливот на Охридско Езеро е финансирана во рамите на ГЕФ Дримскиот Проект и е една од клучните активности во програмата за мерки за заштита и управување во басенот. Изработката е предвидено да трае 18 месеци и да резултира со Финален и усвоен План за управување со сливот на Охридско езеро согласно