Стружанец на диво изградил авто-камп
недела, 15 април 2018

kalista1ww.jpgНадворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Х. (55) од с. Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2013 година на парцела во село Калишта, на место викано „Љумче“, пријавениот како инвеститор, без одобрение за градење и без соодветна документација, изградил објект – автокамп, при што ја оградил целата парцела со мрежа, а во просторот на автокампот без дозвола изградил и поставил ресторан, бетонска скара и метален контејнер, додека во водите на Охридското Езеро извел платформа од камен и бетон.