Во најскапиот простор во земјава пловат стари железа
сабота, 14 април 2018

starizeleza1q.jpgВо градското пристаниште во Охрид ,простор за кој сопствениците на едрилици и јахти велат дека е најскап во Македонија,поради местоположбата и можноста да се оствари скапа рента  доколку тука би се закотвиле скапи пловни објекти, пловат стари железа.Со убави јахти и едрилици овој дел на  Охрид би добил поубав изглед.

Во моментов тука е закотвен бродот Македонија кој не плови поради дотрајаност на трупот и моторите,бродот Викторија,која е граден самоделски кој повеќе личи на зголемо охридско кајче,потоа стари железни кајчиња и повремено други пловила кои не треба тука да се најдат,вели сопственик на скапа едрилица

 

Во Капетанијата во Охрид имаат план како овој простор да се разубави,а некои пловила да се дислоцираат.

 

Имаме план.Просторот ќе стане поубав,на тоа се работи.Ќе има и дислокација на некои пловила.Но,за тоа јавноста е ја информирае, кога за тоа ќе дојде време ,кусо ни изјави капетаонот на капетанијата Горан Устијаноски.

starizeleza2q.jpg

 

Во Охрид има повеќе ердилици кои пленат со своите елегатни линии и дизајн.Нивните сопственици мака мачат каде да ги закотват.марина нема,а изгледа уште долго време ќе нема таков уреден прстор за вакви пловни објекти.

 

По Езерото пловат повеќе скапи едрилици.Имаме и клуб во кој членуваат охридски едриличари.Вакви пловила има и во Струга.некои од нив се изградени од самите едриличари според стански нацрти.Не знам дали некој знае  како би изгледало кога во пристаништето би се закотвиле вакви пловила кои пленат со својата елеганција.Тоа можеме да го видиме во пристаништата во Грција,Хрватска,Турција,вели охридски едриличар,сопственик на скапа едрилица која ја набавил за околу 12 илјади евра.