Ногачески:Ја почитувам волјата на Дебрчани
петок, 13 април 2018

nog1q.jpgСоветот на општина Дебрца, на седницата одржана на ден 10.04.2018 година, манифестирајќи натпартиска сплотеност, едногласно  не ја прифати одлуката за давање согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Југозападниот плански регион од страна на Владата на Република Македонија.изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Дебарца Зоран Ногачески.

Советот на општина Дебрца, како претставнички орган на граѓаните на Дебрца не е против Проектот на Министерството за животна средина и просторно планирање за воспоставување на интегриран и финансиски самооддржлив систем за управување  со отпад во Југозападниот плански регион, ниту би бил против преземањето на ингеренциите од страна на Владата на Република Македонија во сосема други околности, туку само во целост ја почитува волјата на граѓаните на Дебрца, изразена преку референдумската одлука, односно јасно изразената волја против  предложеното решение , според кое за  локација за изградба на регионалната депонија за Југозападниот плански регион се предлага атарот на село Годивје, општина Дебрца”кажа Ниогачески.

Ногачески вели дека изградба на Депонија не може д асе оправда со ниту еден факт.

 

За граѓаните на Дебрца, но и за пошироката стручна јавност која ја консултиравме ,  решението за регионална депонија да го бараат во срцето на Дебрца, не може да се оправда со ниту еден сериозен факт, а најмалку со игнорирање на нејзините жители.

 Сите овие документи за воспоставување на регионален систем за управување во Југозападниот плански регион се донесени во крајно нетранспарентна постапка, без да се слушнат мислењата на засегнатите страни, стручната јавност, еколошките организации и граѓаните. Во нив го нема мислењето на ЈНУ Хидробиолошкиот Завод Охрид, Управата за заштита на културното наследство, Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, Националната комисија за УНЕСКО,рече градоначалникот Ногачески.