Презентирана студијата "Паметен Охрид" (видео)
понеделник, 12 март 2018
profiten1ww.jpg„Паметен Охрид“ е насловот на предфизибилити студијата  од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, што денес  се презентираше во големата сала на општина Охрид.

Станува збор за проект кој се однесува на мултитранспортен концепт за развојот на Охрид со намален проток на  сообраќај  кон патниот правец Св. Наум. Тоа би значело замена  на автомобилите со велосипеди или   бродови до саканата дестинација на тој дел од езерското крајбрежје и движење по соодветни патеки низ Галичица. Целта е  да се обезбеди поголема заштита на природното богатство и навремено да се одговори на препораките од УНЕСКО.

 Според градоначалникот д-р Јован Стојаноски станува збор за добар проект за чијашто  реализација се потребни многу пари.

 - Ние како локална самоуправа  мораме да размислуваме за некаква валоризација на Галичица. Оваа студија  оди во прилог на интегралниот  пристап кон решавање на еколошките проблеми. Се разбира дека тука најголемиот проблем ќе биде изворот на средства за инвестиции затоа што не станува збор за мал проект. Станува збор за студија и проект чија изведба изнесува околу 14-15 милиони евра. Сметаме дека со една проактивност од страна на локалната самоуправа, на изготвувачите на студијата и на централната власт ќе успееме. Овој проект го вклопуваме во сите оние еколошки проекти кои и досега ги размислувавме и изработувавме, а се поврзани со сливните подрачја, со уредувањето на Студенчишкото блато и останати еколошки проекти кои како општина мора да ги изготвиме  со цел да добиеме еден одржлив развој на градот- изјави  градоначалникот Стојаноски.  

 Во предфизибилити студијата  „Паметен Охрид“е најдена рамнотежа меѓу економскиот развој и заштитата на природата, одржливи решенија,избегнување на мега проекти и соработка  и градење консензус со локалните жители и чинители.

Последни измени ( понеделник, 12 март 2018 )