Сертификати за охридски ученици кои се обучуваа...
недела, 11 март 2018
sertifikat2qq.jpgГрадоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски во големата сала на општина Охрид им додели сертификати за завршена практична обука на 61 ученик, од ОУТУ „Ванчо Питошески“ и СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ кои во рамки на „Erasmus + “ програмата беа на  обуки во  Шпанија и Бугарија.

Учениците од различни образовни профили од ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Барселона, Шпанија обавуваа пракса на различни позиции во најпрестижни хотелско - угостителски објекти. Две групи од по 20 ученици од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ беа на пракса во реномирана здравствена установа во Мадрид, Шпанија и во Медицинската Академија во Софија, Бугарија. Обуките за трите групи ученици беа со времетраење од 21 ден.

 Покрај меѓународно признатите сертификати  коишто во иднина ќе им помогнат во градењето на професионална кариера, неколку ученици од медицинското училиште веќе добија и понуди за стипендии во Софија.

sertifikat1qq.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Доделувањето на сертификатите е уште една потврда за успешното реализирање на планираните проектни активности од двата „Erazmus +“ проекти кои ги доби општина Охрид.