Кузмановски на прием кај претседателот на РС Додик
петок, 09 март 2018
priem1qqd.jpgДелегација предводена од претседателот на Нотарската комора на Република Македонија, г-дин Васил Кузманоски и потпретседателот г-дин Наџи Зеќири е во службена посета на Бања Лука, по повод јубилејот 10 -години од основање на нотаријатот во Република Српска.

. Во рамките на овој настан, на ден 9 март 2018 година претседателот на Нотарската комора на Република Македонија г-дин Васил Кузманоски беше примен од претседателот на Република Српска, г-дин Милорад  Додиќ во Палатата на претседателот на Република Српска заедно со претседателите на Нотарските комори од Западен Балкан и Сојузната Федерална Нотарска комора на Германија. На средбата на која присуствуваа и Министрите за правда на Република Српска г-дин Антон Касиповиќ и на Република Србија г-ѓа Нела Кубуровиќ, меѓу другото беше истакнато дека нотаријатот кој е заснован на принципите на латинскиот тип е гарант на правната сигурност на граѓаните и правните лица и е еден од битните предуслови за влез на земјите од Западен Балкан во Еврпската Унија.

priem1qq.jpg