На Табановце уапсено е лице од Радолишта,барано по...
вторник, 13 февруари 2018
razbojnik1qq.jpgВчера, во 10,20 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во Р.Македонија од страна на полициски службеник бил лишен од слобода М.Г.(37) од с.Радолишта-струшко.

При проверка во оперативна евиденција тој се барал по телеграма од МВР-Одделението за потраги и телеграма од СВР Охрид, со мерка „лиши од слобода“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид“ по чл.123 в.в. чл.19 од КЗ на РМ. Лицето со потврда за предавање на лице било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.