Кандидати за полицајци ќе полагаат практичен испит
понеделник, 12 февруари 2018

policija11.jpgВо периодот од 12 до 15 февруари годинава, во сите Сектори на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, ќе се спроведува практичен испит од областа на сообраќајот - kонтрола на возила и возачи за 610 кандидати од oсновна обука за полицаец 2017/18 година.

Така, во рамки на Секторот за внатрешни работи Скопје поради големиот број на кандидати (456) испитот ќе се одвива четири дена, од 12 до 15 февруари во периодот од 10,00 до 17,00 часот. Притоа испитот ќе се спроведе во централното градско подрачје, каде на претходно определени места ќе се сопираат возила и ќе биде вршена проверка на возачот и возилото од страна на кандидатите заедно со полициски службеници кои ќе ги оценуваат истите.

На 12.02.(понеделник) испит ќе се спроведе на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Тетово, Штип и Струмица. На 13.02.(вторник) на подрачјето на СВР Охрид, на 14.02.(среда) во Битола и во текот на 15.02.(четврток) на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Куманово и Велес.

Апелираме до граѓаните да покажат разбирање и соработка со цел успешно спроведување на практичниот испит.