Охриѓанка загина во пожар на "Туристичка"
понеделник, 12 февруари 2018

pozar8000.jpgУтринава  околу 07.15 часот во стан на ул. „Туристичка“ во Охрид, сопственост на М.Д. (70), од засега непознати причини, избувнал пожар. Во пожарот починала М.Д која живеела сама и била неподвижна. Смрт констатирала екипа од итна медицинска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.  

   

Последни измени ( вторник, 13 февруари 2018 )