Бесплатни предавања за животно важни документи
недела, 11 февруари 2018
dokumenti1qq.jpgВо Охрид и во Струга во понеделник ќе се одржат предавања на тема:„Договор за тестамент, подарок, доживотна издршка„.

 

 


Предавач ќе биде Адвокат Оливера Доцевска, од Скопје, со 17-годишно работно искуство во обаста на правото и човековите права и слободи, 10-годишно работно искуство како адвокат, специјалност човекови права, кривично право, имотно - правни односи и управна постапка, магистрант меѓународни односи и дипломатија, активист за човекови права и Претседателка на организација за човекови права и слободи Јустиција, поетеса, преведувачка,анализа на политики, колумнистка.

 

Ќе говори за аспектите на заштита на имотот и личноста при располагање со имотот со -  тестамент, договор за подарок и договор за доживотна издршка

 

Предавањето ќе се одржи на 12 Фебруари (Понеделник) во 11:30 во Охрид и во 14:00 во Струга. Наменето е за сите граѓани од Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца над 60 години и нивните фамилии.

Местата се ограничени, доколку сакате да учествувате на предавањето ве молиме јавете се за да ви обезбедиме место на 077 855 155 (за Охрид) и 077 817 432 (За Струга)

Во текот на март и април ќе организираме викенд работилници за здраво готвење, и јога часови за витално стареење. Бидејќи местата се ограничени, доколку сакате да учествувате, ве молиме пријавете се на дадените телефони.

Оваа активност е дел од под-проектот „И старите можат“ кој е спроведуван од Локалната агенција за развој до Струга која е членка на  Мрежата Инклузива М за социјална инклузија на старите лицата од трета доба во Република Македонија од 2016 година. Под-проектот се спроведува во рамки на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица" поддржан од од Европската унија, со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој и Австрискиот црвен крст, кој Црвениот крст на Р.М. во Македонија го спроведува во заедничко партнерство со здружението "Хумано".